Калето Исар над град Тетово

Калето Исар је близу над  градо Тетоо и јет в земи пропаднато. Пред да дојдат Турците во Тетоо, калето било згора над земјата и едно тргнале Турците за Тетоо, и си пропаднало во земјата не знам колку адамбои длабоко, со сите убаиње што имало внатре во калето, со сето безбројно азно што имало тогај. Пропаднуањето било, едно, за да не влезат во него Турците и бидејќи изгинале сите тетоски јунаци. Само останале некој плочи големи, озгора на местото кај  што било калето, и на плочите имало многу пишани од тогашните јунаци. Имало стапалки од Марка Кралета во камено кај што стапил некоаш и му пропаднала ногата сосема ти скорен. И друзи пишани имало. Само една дупка има на местото од калето што му служи како баџа за виделина да му одело внатре.
Стари тетовчани прикажуаат  оти во калето Исар имало азно небројано; арно ама, секој се бојал да влези внатре, чунки веруаат оти има стопан што го варди внатре азното.
Пред дваесетина години некој тетовчанец варел ракија. Имало крај него и некој пријатели  што си пиеле од ракијата што текла од казано. Бидејќи гумно му било на ракијата, еден од гостите се изнапил јако, а друзите не биле како него. На тоа згора му текнало на посвесните за да го натераат напиенио да влези од дупката од калето Исар и да види што има внатре. Кандисал напијанио, и го врзале со неколку ортоми, та го пуштиле внатре.
Коа слегол внатре и се видел во едно длабоко место и чудно, веднаш се отрезнал и се освестил. Прошетал вамо-тамо низ калето, што да види, брате мило! – Тие одаи, која од која поубаи по напраата, со тие таками, кралски работи; миндерите и столојте биле послани со морао кадифе, а во одаите и по чардаците биле послани се со зелено кадифе. Сето било толку убао, што да ти је грев со рака да ватиш.
Шетајќи низ одаите, дошол до една врата голема, железна, и ја потурнал со рака. Таа се отворила. Коа погледнал внатре, здрако од очите му се зел од светлината на алтаните што имало тамо. Тоа место било кај што било азното. Кизнај колку товари алтани имало тамо, со камили да ’и креваш, не се докренуале.
„Ха – беше си рекол чоекот во себеси – еве сега дури го погодив, ја чекај да влезам внатре и да си наполнам пазуите и џебоите со алтани“.
Едно слегол во вратата во азното и – што да види, братенце мило? – наместо алтани, еден голем смок, завиткан колак, колку едно гумно. Глаата и опашката му биле клаени едно врз друго во стреде колако.  Одвртел очи смоко како од некој страшен див биол. Една остра коса имал смоко на глаата, како некоја свинска кострушина, толку долга му била, што дури по сета снага била растурена.
Коа виде чоекот толку страшен смоко, беше се омајал и се здрвил на местото.
„Туф, бре гиди – си рекол сам со себеси – јас сопрво видов овде алтани, сега наместо алтани гледам страшен смок, каква работа ќе биди оваа, и јас не знам.“
На тоа згора беше почнал нога за нога да се враќа назад и излегол однатре. Штом излегол однатре, и пак смоко станал алтани.
„Е, зер овие алтани се наречени за да не се даваат засега на чоека.“
Тргнал да си оди и вратата од страв не ја затворил, арно ама сама беше се затворила. Замавнал ортомата за да го истегнат надвор и, откоа излегол надвор, ова нешто го прикажал на својте другари и од збор на збор еве кај се прикажуа од тетовчани и од друзи до ден денеска.


Comments