Владата бара член на управен одбор за во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово


Република Македонија
Влада на Република Македонија
ОГЛAC
ЗА ПРОЈАВУВАЊЕ HA ИНТЕРЕС ЗА АНГАЖИРАЊЕ ВО УПРАВНИ И НАДЗОРНИ ОДБОРИ
ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

има потреба од ангажирање на стручни, искусни, компетентни и високо мотивирани кандидати за членство во управни и надзорни одбори чие именување е во директна или индиректна надлежност на Владата на Република Македонија.

Кандидатите кои се заинтересирани и се пријавуваат за одредена позиција потребно е силно да веруваат во сопствениот капацитет, да поседуваат високо ниво на стручност и компетентност, и да се подготвени за силен ангажман и посветена работа.

Од кандидатите се бара да имаат повеќегодишно искуство и соодветно образование, да ги поддржуваат политиките на Владата на Република Македонија во областа за која се пријавуваат и да ги исполнуваат законските услови за позицијата за која се пријавуваат. Познавањето на странски јазик ќе се смета за предност. Можност за пријавување имаат сите кандидати кои своето образование го оформиле во Република Македонија или во странство.

Сите пријавени кандидати имаат ЕДНАКВИ ШАНСИ да бидат предложени за член на управен или надзорен одбор согласно нивните способности, стручност, компетентност, образование, искуство и личен капацитет, без разлика на верска и национална припадност, политичка ориентација, пол, имотна состојба и други лични околности. Ќе бидат ангажирани само НАЈСТРУЧНИТЕ и најсоодветните кандидати за позицијата за која се аплицира. СИТЕ пријавени кандидати кои ги исполнуваат законските услови за позицијата за која аплицираат ќе бидат повикани на интервју, дел од нив ќе бидат повикани и на тестирање и нивните податоци и препораки ќе подлежат на проверки.

Сите кандидати кои се актуелни носители на позициите кои се објавуваат во овој оглас имаат право и можност повторно да се пријават за позициите кои досега ги извршуваат. Истите лица имаат можност повторно да бидат избрани од страна на Влад ата врз основа на условите об јавени во овој оглас.

Ваквиот оглас за пројавување на интерес не е законска обврска на Владата на Република Македонија, но со цел да се даде шанса на што поголем број стручни луѓе, Владата се одлучи на ваков чекор. Ова е јасна демонстрација на политиката на отворени врати која ја применува Владата и поддршка на стратегијата на Владата за обезбедување на успех на поединецот во зависност од личните способности и компетенции, стручноста, знаењата, вештините, вербата и мотивот да се придонесе во развојот на земјата.

Секој обид за лично лобирање и ургенција од страна на кандидатите ќе се смета како слабост и неверување во сопствените капацитети и ќе влијае негативно во формирањето на финалната оцена за кандидатот.

Заинтересираните кандидати потребно е да достават: податок за која позиција кандидатот аплицира, лична биографија (CV) не поголема од 5 страници, препораки, уверенија за познавање на странски јазик, фотографија, како и пополнета веб-апликација која може да се превземе од веб-страницата на Владата на Република Македонија www.vlada.mk

18. Членови на надзорни одбори на Јавни установи за социјална заштита Центри за социјална работа основани од Владата на Република Македонија (по 1 позиција)
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Битолa
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Кичево
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Кочани
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Куманово
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Прилеп
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Свети Николе
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Струмица
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Струга
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово
- ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Штип
VII/1 степен високо образование или најмалку 240 ЕКТС, дипломиран социјален работник, психолог, андрагог, педагог, правник, економист, лекар, дефектолог, логопед, специјален педагог за превенција и ресоцијализација и социолог
 

Comments