Легендата за името на градот Тетово

Од Тетово, час и половина далеку, има едно место на патот кон Скопје со два ниски рида. Помеѓу овие два рида некое време имало една страшна змија: ем голема, ем многу лута. Таа им правела гола штета на патниците што минувале во правец кон Скопје и во правец кон Тетово. Старите тетовчани раскажуваат за змијата и за бестрашниот јунак Тето. Еден ден на Тето му излегла зекоа многу ваѓжна работа што требало  да ја заврши во некое село. Тој знаеќи за страшната змија, се наоружал до заби и тргнал на пат кон Тетово. Тој дошол д два рида, змијата му излегла пред него и му го пресекла патот. Тетов веднаш сило ја затегнал стрелата и почнал да стрела во змијата. Дури имал стрели фрлал. Но откако му завршиле стрелите , го зел мечот во десната рака а во левата тржел штит (калкан) и се спуштил на земјата да ја убие. Со стрелите не успеал да ја убие змијата. Се доближил поблиску до неа, а таа, побеснала од добиените рани од стрелите, со голема сила се фрлила врз него и му ја ранила раката. Но, јунакот со мечот ја начекал змијата и ја прободел право во срцето. Така Тето успеал да ја убие страшната змија и да го ослободи патот од неа. Од тој ден патниците мирно и слободно си поминувале по патот. Тето откако ја убил змијата отишол на местото каде што денес се наоѓа градот Тетово. Тој таму се населил прв и од неговото име Тето, новонаселеното место го нарекол Тетово. На местото пак каде што ја убил змијата му го дал името Калкадели, што значи: со влезот на калкнот ја убил змијата.

Comments

Post a Comment