Мара Бунева, македонската Шарлота Корде

Мара Бунева


Родена е 1901 година во градот под Шара – Тетово, од мајка Ана и татко Никола. Татко ѝ уште во турско време завршил основно училиште во Тетово и шест класа во скопската педагошка гимназија. Повремено учителствувал, но главно занимање му била трговијата. Бил околиски раководител на ВМРО, а во време на Првата светска војна бил назначен за кмет. Мара завршила основно образование и прогимназија во Тетово, а средно образование во Скопје. Пред крајот на војната, Нико Бунев со ќерката Мара заминал за Бугарија.

Од тогаш, Мара живеела при братот Борис, кој служел војска во Јамбол, а покасно се преселил во Софија. Таму Бунева имала можност да спортува јавање на коњ и стрелање со пиштол. Во тој период се запознала со кавалерискиот офицер Иван Хранков за кого и се омажила.

Бргу се вклучила во револуционерната организација, станувајќи нејзин член. Мечтеела активно да работи за ослободување на поробена Македонија. По добиената задача од ВМРО се враќа во Тетово и Скопје. Пред властите објаснила дека се вратила од емиграција поради распаднатиот брак. Со тоа ги отклонила полициските сомнежи. Во Скопје завршила кројачки курс и отворила шивачки дуќан во кој навраќале како клиенти сопругите на српски чиновници, што & овозможило да се доближи до семејството на високиот жупански шеф Владимир Прелиќ, страв и трепет за македонските патриоти.
Под изговор да ја оконча бракоразводната парница, Мара добила дозвола да се врати во Софија каде имала средба со Менча Карнишова, која се прославила со убиството на Тодор Паница во Виенскиот државен театар. За средбата со Бунева, Менча кажувала дека оваа млада жена има нешто особено што ја прави кадарна за големите подвизи (според мемоарите на В. Михајлов, сопруг на Менча Карнишова).

По познатата афера со затворањето и судењето на македонските студенти во Скопје, во 1927 година, каде со ѕверски измачувања на младите Македонци се “прославил” злосторникот Прелиќ, Мара Бунева, во знак на одмазда на 13 јануари 1928 година, на кејот покрај Вардар, извршувајќи ја задачата на Организацијата, со три револверски истрели го усмртила Прелиќа, а потоа се самозастрелала.

Европскиот печат, пишувајќи со респект за подвигот на младата тетовчанка, ја прогласил Бунева за македонска Шарлота Корде.
Кога го положила животот за татковината, Мара Бунева имала само 27 год

Македонската историографија веќе подолго време има негативен однос кон ликот и делото на Мара Бунева. Но доаѓа периодот кога оваа хероина ќе ја види својата светост и ќе биде вбројана во делот на македонските национални херои. 
ВЕЧНА ИМ СЛАВА! 

Comments