Археолошки локалитети во Вратница


Вратница

Св. Дуси
Св. Дуси претставува средновековен локалитет во тетовското село Вратница. Самиот оглавен објект е средновековна црква, која се наоѓа на северниот раб на селото каде се гледаат остатоци од ѕидови на мала црквичка.
Мали Орман
Мали Орман често нарекуван и Кале претставува археолошки локалитет т.е. населба од доцноантичкото време во тетовското село Вратница. Локалитетот се наоѓа на 3 km северозападно од селото, кај притоката на Ливадичка Река во Љуботенска Река. На тоа место се издигаат стрмни карпи на кои има издолжено плато опкружено со остатоци од бедем седан од кршен камен и варов малтер. Населбата има доминантна положба, со извонредно добар поглед кон околината. Освен со бедемот, природно е заштитена со стрмните падини, а преку седлото на северозападната страна е поврзана со Шар Планина под Љуботен
Св. Петка
Св. Петка е средновековен археолошки локалитет во тетовското село Вратница. Самиот објект претставува средновековна црква. Се наоѓа северозападно од селото, во непосредната близина на денешната истоимена црква, каде се гледаат остатоци од мала црквичка

Тумба
Тумба е археолошки локалитет т.е. населба од римското време. Се наоѓа во селото Вратница, тетовско, на просторот меѓу месностите Ливадице и Две Тумбе. За време на истражувањата на Блага Алексова, тука се најдени фрагменти од керамички садови и множеството градежен материјал.
Црквиште
Црквиште познато и како стара Св. Константин и Елена, претставува археолошки локалитет, односно делови на средновековна црква. Се наоѓа во тетовското село Вратница, во месноста нарекувана Честодубје, која се наоѓа на југоисточната страна на селото. По истражувањата, тука има остатоци од црква со нартекс, долга 18,20 m и широка 4,20 m, градена од кршен камен и варов малтер. Нартексот е широк 10 m. Денес во близина на тоа место подигната е нова црква посветена на Св. Константин и Елена.

Comments