ФК Тетекс останува клуб од Тетово

Раководството на фудбалскиот клуб Тетекс реагира на шпекулациите во јавноста дека клубот ќе го менува името и ќе се води како екипа од Скопје 

 Претседателот Стеван Алампиоски соопшти дека клубот си работи тековно, а шпекулациите непотребно се прошириле.

- Клубот ќе игра неколку кола на стадионот во Ѓорче Петров затоа што состојбата на градскиот стадион во Тетово е многу лоша. Додека не се средат состојбите ќе играме во Скопје. Не станува збор за промена на седиште на клубот.Би сакал да има што помалку шпекулации кои му штетат на клубот и на атмосферата, изјави Алампиоски.

Нов шеф на стручниот штаб е Бојан Захариев, наместо Горазд Михајлов кој најде ангажман во странство.

-Играчите воопшто не престанаа со подготовки.  Замина Мирослав Јовановски во Вардар, а од играчите никој не побарал исписница. Дојде Туневски од Дрита, а во понеделник ќе потпишеме со уште двајца играчи. На 10 август почнуваме со натпреварувањето во Втората лига и се надеваме на враќање во Првата лига, вели Алампиоски.

Фудбалерите на Тетекс во недела ќе го играат и Супер купот со шампионот Вардар.

 

Comments