Русија гради роботи за да ги неутрализира терористите


Заменик претседателот на Владата на Русија Димитриј Рогозин обелодени дека руските експерти развиваат роботи специјално дизајнирани за да ги минимизираат жртвите во случај на терористички напад.



Руската одбранбена индустрија не открива точко кога овие роботи ќе бидар ставени во функција или кога ќе бидат распоредени.

Овие роботи покрај можноста да дејствуваат во случај на терористички напад ќе можат да евакуираат повредени војници и полицајци. Во нив ќе биде вградена специјална технологија која ќе може да ги следи терористите, исто така овие роботи ќе може да дејствуваат од голема далечина со огромна прецизност.

Ова е еден сегмент од програмата за заштита од терористички напади која ја спроведува Русија, исто така се развива и технологија за гледање на терорист преку пречки. 

Comments